Данската новинска агенција Ритзау инсталираше робот што самостојно ќе пишува прилагодени спортски извештаи по секој локален натпревар, така што еден дел од веста се насочува на домашниот тим, а другиот дел на гостите.
Ритзау смета дека ова е доста важен чекор во развојот на роботското новинарство во самата агенција, но и воопшто.
– Локалниот спорт е важен, но невозможно е да се покријат сите тимови со репортери. Затоа, ние сме задоволни со едно вакво решение, со робот како замена и сакаме да видиме како нашите читатели ќе го прифатат сето тоа – изјави главниот уредник Ларс Јесперсен.
Каква ќе биде реакцијата на публиката, допрва ќе видиме, додава директорот за развој во агенцијата, Кристофер Гравгард.