Јусуфоски се сретна со претставници на европските конзервативци

Јусуфоски, оствари контакт и со членови на организацијата New Direction, основана од Маргарет Тачер.

112

Како партија која делува во политичкиот спектар центар-десно и стои на изразито конзервативни позиции, ГДУ, ја продолжува соработката со козервативците во Европскиот парламент.

Потпретседателот на ГДУ, Енсер Јусуфоски, на свечен коктел на коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформатори (ACRE) Европа во Брисел оствари средби со претставници на  коалицијата како и со претставници на Conservative International, The conservative online и European Young Conservatives.

Платформата Conservative International вклучува во себе повеќе од 867 000 членови, 327 идеолошки и аналитички центри, фондации, универзитети, 73 политички партии, 36 приватни компании и 35 иницијативни комитети.

Јусуфоски, оствари контакт и со членови на организацијата New Direction, основана од Маргарет Тачер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...