Кацарска бара ред во судница, одбраната сака да го предочи исказот на Зекири во обвинителство 

869

Одбраната смета дека пратеникот Мухамед Зекири за време на истрагата за 27 април кажал повеќе работи отколку што денеска кажува во неговото сведочење во Кривичниот суд во Скопје.

– Сведокот не лаже туку знае многу повеќе од она што денеска го дава како исказ пред судот – вели еден од адвокатите во одбраната Еленко Миланов.

Тој се обиде да му прочита цитат од неговиот исказ во истрагата на што жестоко реагираше обвинителката Вилма Рускоска.

Судењето тече во тензична атмосфера, во приговорите кои ги даваа обвинителството и одбраната имаше и бурни реакции, а судијката Добрила Кацарска во неколку наврати опоменуваше да не се ремети редот во судницата инаку во спротивно ќе почне да казнува.

Адвокатите сакаат да му го предочат исказот на Зекири кој тој го дал во обвинителството, па судијката даде пауза за судечкиот совет да одлучи дали ќе им дозволи на адвокатите да му го предочат исказот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...