Ходниците полни со пратеници, салата празна за амандманите за јазици

Официјални информации зошто се доцни со седницата нема, ниту пак дали денеска Парламентот воопшто ќе заседава.

323
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Се уште е неизвесно дали денеска ќе почне продолжението на 32. собраниска седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Седницата најнапред беше закажана за 12 часот, а потоа за 15 часот, но и по час и половина доцнење во Парламентот нема никаков сигнал дали ќе започне продолжението. Во закажаното време во 15 часот во парламентарната сала имаше едвај неколкумина пратеници, и новинарите на собраниската галерија кои чекаа да видат дали и каква разврска ќе има ситуацијата предизвикана од илјадниците амандмани.

Најголем дел од пратениците и од владејачкото мнозинство и опозицијата се во зградата на Парламентот и го чекаат сигналот на ѕвоното за почеток на продолжението.

Официјални информации зошто се доцни со седницата нема, ниту пак дали денеска Парламентот воопшто ќе заседава. Единствено во неформалните разговори и пратениците и собраниските служби велат дека тешко дека денеска би се одржала седница.

Од владејачкото мнозинство не коментираат зошто не се одржува седницата, додека од опозицијата велат дека нема договор меѓу СДСМ и ДУИ за текот на седницата односно дали таа да започне со амандманите или, пак, таа точка да биде прескокната и да се гласа за останатите закони кои се на дневен ред на 32. седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...