Ивица Луетиќ, дипломиран инженер по агрономија: Дали знаеме што јадеме?

„Ако сите одгледуваат органска храна, едноставно нема да има доволно производи за сите луѓе. Затоа, решението е во контролираната и одговорна употреба на пестициди“, вели овој хрватски стручњак за агрономија.

563

Нашиот соговорник Ивица Луетиќ е дипломиран инженер по агрономија од Загреб. Инаку, тој е македонски зет кој има високо мислење за нашата традиционална кујна па кога доаѓа тука сака да проба сѐ што му оставило впечаток уште од првото доаѓање во Скопје пред точно 33 години: тавче-гравче, лути везени пиперки, шкембе чорба, мусака со плав патлиџан, сармички со лозов лист, свежа пастрмка, свежи салати, скара,…

Целиот свој работен век го поминал во струката, најпрвин во земјоделското производство, а потоа во промоција, едукација и продажба на пестициди.

Првото вработување му било во периодот пред распадот на Југославија, во комбинатот „Браќа Раџеновиќ“ во Новска, потоа, во „Вероника“, приватно претпријатие за производство и трговија со цвеќе и дендролошки материјал во Ријека, па во „Плива“, во одделот за ветерина и аграр, потоа во приватното претпријатие „Бура 1“ за големопродажба на земјоделски производи и заштитни средства, па во „Сингента“,  швајцарска фирма за производство на пестициди и како key account manager (одговорен за големите купувачи на подрачјето на Хрватска и Босна и Херцеговина) во Belchim CP, белгиско-јапонска фирма за производство на пестициди.

И бидејќи цел живот работи со пестициди се чини како вистински човек за разговор на темата: дали знаеме што јадеме денес.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...