Соработникот на Трамп за специјални мисии доаѓа во Скопје

405

Американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон следната недела доаѓа во Македонија, а ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Џонсон во Скопје, Атина, Белград и во Приштина ќе има средби со високи владини претставници, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Американската амбасада во Србија.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп задолжен за специјални мисии. Џонсон е претседавач на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...