Иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот во Македонија

79

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондот на холокаустот во Македонија почнаа стратешко партнерство и иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот.

– Иницијативата настојува да го зачува споменот на холокаустот во Македонија и да ја промовира традицијата и културата на македонската и еврејска заедница. Иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата меѓу сите Македонци – информира ОМД.

Во соопштението се наведува дека се отвара фонд за постојаниот изложбен и Меморијален центар на холокаустот во Скопје во период од есента 2018 година во знак на одбележување на 75-годишнина од депортацијата на скоро 98 отсто од еврејската заедница од Македонија во логорот во Треблинка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...