Со поканата за влез во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, стануваме дел од глобалните сојузи кои ја гарантираат нашата стабилна иднина и со тоа ги остваруваме стратешките интереси поставени уште на денот на нашата независност, рече Костадин Костадинов пратеник од СДСМ.
– Поддршката е директна, отворена недвосмислена и доаѓа лично од светските лидери. Во таа насока се и посетите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Сабастијан Курц и канцеларката на Германија, АнгелаМеркел кои ќе се случат во период од само неколку денови. Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО.
Да не дозволиме да ја пропуштиме историската шанса да ја обезбедиме иднината во ЕУ и НАТО и да го зајакнеме и заштитиме нашиот, македонски идентитет.
Поддршката од демократскиот свет е јасна и отворена, но мора и сите ние активно да се вклучиме во процесот што не води кон ЕУ и НАТО.
На 30 септември да му покажеме на светот дека сме за напредок, дека сме ЗА влез во ЕУ, дека сме ЗА влез во НАТО, и масовно, одлучно и достоинствено да заокружиме ЗА европска Македонија.Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од двата најголеми и најзначајни светски сојузи – Европската унија и НАТО.
Целиот демократски свет ја препозна промената, ги признава и вреднува успесите постигнати на домашен и меѓународен план. Земјите на двата најголеми сојузи сакаат да ја вида – рече Костадинов.