Поповски: Кога не можете по коњот, удрете по самарот

2744

Ѓоко Поповски не е криминалец, не ја злоупотреби својата службена положба. Ѓоко Поповски и не знае како се злоупотребува службена положба. Ќе ја искористам онаа народна поговорка која вели „Кога не можете по коњот, удрете по самарот”.

Вака поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски го заврши неговото излагање пред Апелациониот суд во Скопје за жалбата за затворската казна од шест и пол години за набавката на блиндираниот мерцедес.

За ваквото негово излагање во изјава за медиумите обвинителот Гаврил Бубевски рече дека СЈО удира и по коњот и по самарот.

Поповски во неговата одбрана истакна дека работел согласно упатствијата и оти колку и да сакал некој да фаворизира некого не може бидејќи во Законот за јавни набавки постојат иск одредби кои не го дозволуваат тоа.

Тој ги оспоруваше и наводите на СЈО кое се повикува дека во тендерот МВР барала фирма која има овластен сервис. Тоа било така бидејќи тоа возило е со високи безбедносни стандарди коишто заштитни елементи треба да бидат тајна. По логиката на обвинителот, рече Поповски, возилото во сабота кога ќе дојдат високи гости во Македонија треба да биде однесено да се испере во јавна перална.

– Која би била логиката да секој ги знае заштитните елементи? – рече тој.

Екс помошник министерот ги оспоруваше и двата маилови кои тој ги добил од фирмата ос која е набавен мерцедесот, а кои СЈО ги користеше како доказ. Тој вели дека неговиите службени маил и телефон биле јавно објавени на страницата на МВР и не два туку илјадници маилови има за разно разни работи, набавки, меѓународни тендери, доцнење фактури итн. Поповски сподели и анегдота, раскажувајќи дека еднаш добил дури и маил од негова колешка од Кавадарци која се жали дека нејзиниот сопруг, исто така нивен колега, имал љубовница.

Во насока на неговата поврзаност со фирмата од која е купен мерцедесот тој рече и оти сведоците кои беа предложени од СЈО, а се вработени таму, кажале дека не го познаваат и оти на каков било начин не контактирале со него.

Со негово излагање заврши јавната седница во Апелација. На неа како што е познато, не присуствуваше другиот осуден во случајот, Никола Груевски кој уште од вчера го најави неговото отсуство бидејќи на него му судска политика, а не судот. Не беа присутни ниту неговите адвокати.

Претседателката на судечки совет, Цветанка Периќ по завршувањето на седницата рече дека одлуката на Апелација ќе биде објавена од првостепениот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...