Бубевски: Плативме 5.000 евра зашто немаше вештак кој сака да работи за СЈО 

2298

Не постоеше вештак кој во тоа време прифаќаше да вештачи за СЈО. На сите професори им беше понудено, но кога ќе видеа за што се работи ќе одбиеја. Затоа мораше да ангажираме странска фирма со претставништво во Македонија, одговори обвинителот Гаврил Бубевски на јавната седница во Апелациониот суд во Скопје за жалбите за затворските казни на Никола Груевски и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“.

Претходно, адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков во неговото излагање оспорувајќи ги вештачењата рече дека меѓу другото СЈО за две вештачења платило 5.000 евра или по 2.500 евра за вештачење. Вообичаено, рече адвокатот, такви вештачења тој плаќа од 100 до 200 евра.

Бубевски во неговото излагање во второстепениот суд порача и дека делото на Груевски во случајот со блиндираниот мерцедес не е застарено бидејќи против поранешниот премиер има пет обвиненија и за потешки дела. Според закон, се повика обвинителот, застареноста се прекинува ако обвинетиот потоа стори други потешки кривично дела.

Бубевски на почетокот на неговото излагање рече дека одбраната наместо пред второстепениот суд да ја оспорува пресудата, го испитувала обвинението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...