Мора да е страшно…

1980

Создаваш партија – чудовиште, што срамнува сѐ пред себе, ја киднапира цела земја, целиот систем и сите институции ги впрегнува во злоупотреби од коишто се храни и расте.

На крајот те голта и тебе и сфаќаш дека It’s all fun and games“, само и само додека ти ја имаш контролата – во моментот кога си соголен и немоќен, почнува паниката.

Не веруваш во правда, не веруваш во право, во суд, во систем.

Исправен пред државата, изваден си од памет, знаеш во што си ја претворил и убеден си дека ништо не е променето. Конечно, така посветено го градеше тоа, токму за да не може да се менува, мислејќи дека и ти ќе си вечен.

Јас сосема ги разбирам стравовите и изјавите, сигурно е страшна таа позиција.

Она што е важно, е ова да го разберат и сите функционери. Да имаат на ум, никогаш да не заборават дека власта не е вечна и дека ништо не вреди, ниедна пара и никаква моќ во определено време, ако заминувате тресејќи се во страв од монструозноста на вашите, сопствени дела. Оти со нив, со делата, најубаво ќе се соочите само тогаш кога ќе бидете повторно обични граѓани.

Малкумина си заминале со тој спокој и чистина пред себеси.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...