Се бара чаре како да се зголеми капитацискиот бод на матичните лекари

330

Повеќе месеци сме во преговори со Здружението на матични лекари и се евалуираат можностите како од идната година да им се излезе во пресрет и да се зголеми нивниот капитациски бод, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека во разговорите се вклучени и претставници на Фондот за здравствено осигурување и сакаат да одговорат на барањата не само за зголемување на нивните примања, туку и за некои други работи кои ги бараат, а се однесуваат на промена на системот во кој функционираат. Според него, кога ќе најдат начин ќе се подобри функционирањето на тоа ниво на здравствена заштита.

– Некои промени веќе се направени за матичните гинеколози, но истовремено работиме и на утврдуваање на начинот на кој ќе ги имплементираме системските промени, а тоа е како ќе се олесни трансферот на пациентите од една ординација во друга, од еден на друг доктор, но и нешто што е многу битно и ќе го зајакне овој сегмент од здравствената заштита, а тоа е како приватните матични лекари ќе ги вклучиме во јавниот здравствен систем посебно во руралните средини каде недостигаат доктори во здравствените домови – посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Спогодбата за повисоки плати во здравството.

Тој додаде дека разговараат за моделите и до крајот на годината ќе има целокупен пакет кој ќе го имплементираат во системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...