Додека во Апелациониот суд во Скопје се одржува јавна седница за жалбите на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за затворските казни во „Тенк“, пред судот се собраа 30-тина граѓани на протест. Меѓу нив се и поранешните градоначалници на Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Конески.
Двајцата се редовни на собирите за поддршка на поранешниот партиски лидер, беа и на протестот пред Основниот суд Скопје 1 лога се изрекуваше пресудата токму во овој случај. Околу судот уште пред да почне јавната седница се забележуваше зголемено полициско присуство.
Инаку, Груевски како што најави вчера, не се појави на седницата бидејќи кажа дека на него му суди политиката, а не судот и ги обвини судиите дека работат под притисок.