Преку своите адвокати поранешниот премиер Никола Груевски и лично тој поднел пет жалби за казната затвор од две години во случајот „Тенк“ поврзан со набавката на блиндираниот мерцедес. Поранешниот помошник миностер во МВР Ѓоко Поповски, кој беше осуден на шест и пол години затво, преку адвокатот поднел една жалба.
Груевски и неговиот адвокатски тим, како што најави вчера, не се појавија на јавната седница во Апелациониот суд, а судиите ги прочитаа нивните жалби.
Во жалбите од Груевски се оспорува автентичноста на бомбите и според нив, незаконската набавка на овие докази. Се наведуваат спорни моменти околу вештачењата како ѝ се оспорува неутралноста на вештаците кои биле поврзани со СДСМ. Се наведува и дека делото за кое е осуден Груевски е застарено бидејќи обвинението се повикува на тонски запис наводно направен на 26 февруари 2012 година од кога се поминати шест години. Со оглед на тоа што највисоката казна за делото за кое е осуден Груевски во случајот е три години затвор одбраната во жалбите тврди дека делото е застарено.
Откако ќе бидат прочитани жалбите на Груевски, адвокатот на Поповски ќе ја образложи неговата жалба.
Пред да почне седницата одбраната имаше повторен обид за одолговлекување на седницата со барање за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева. Но, во дописот до судот Јанева наведе дека согласно законот за СЈО според кој се гарантира и автономноста на ова обвинителство, таквото барање е неосновано.