За една минута ќе се вадат тумори на дишното стебло на Пулмологија

1067

Сите видови тумори, полипи, кои растат во самото дишно стебло и прават опструкција со помош на крио сонда по пат на замрзнување и внесување бронхоскоп внатре во дишните патишта ќе може на Клиниката за пулмологија да се отстранат без да се прави хирушки отвор со класична операција и без крварење. Целата интервенција трае околу една минута.

Станува збор за нова метода која ја овозможуваат апарати крио сонди на кои доктори од Клиниката за пулмологија, се обучуваат на работилница од страна на претставници на Истражувачкиот центар Ербе – електромедицина, кои посочија дека оваа технологија во бронхоскопијата е стандардна во Европа.

По повод промоцијата на примената на Ербе технологиите во бронхоскопијата на Клиниката е формиран првиот реферетен центар за интервентна бронхоскопија. На денешната презентација на апаратите, директорот на Клиниката, Дејан Докиќ рече дека веројатно од идниот месец ќе почне примената на оваа процедура на Клиниката.

Најблиските центри кои применуваат такви технологии има во Атина, Софија и Белград, а во овој регион нема центар во кој може да се изведуваат интервентни бронхоскопски процедури.

Докиќ посочи дека гостите од Германија на денешната работилница ќе ги обучат нашите кадри кои веќе биле на едукација во Детроит и во Хамбург. Ова, посочи, е крајната едукација пред да почнат самостојно да почнат да работат на апаратите кои првпат ги имаме, а тоа се крио сонди.

– Имаме и друг апарат, кој е аргон плазма коагулација кој го спречува крварењето по ваквите интервенции и е сигурен метод. Значи туморот се вади без да се сече градниот кош и се запира крварењето. Интервенцијата е без последици за пациентот и се заштедува не само во однос на заздравувањето на пациетот, туку и финансиски средства. Една хирушка операција многу повеќе го чини општеството отколку една ваква интервенција – истакна Докиќ.

Апаратите ќе останат по работилницата и натаму ќе треба да се преговара за цените кои ќе бидат пристапни за Фондот за здравсвтено осигурување.

Тој рече дека очекуваат да имаат повеќе од 50 до 100 пациенти годишно и од регионот.

Штефан Хабисрејтингер од Истражувачкиот центар Ербе – електромедицина, рече дека целта им е да има референтен центар и во Скопје и со овој тип на крио биопсија има голем број позитивни резултати и во многу поголем процент се потврдува дијагностиката.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...