„Плати брзо“ нова услуга на ЈП Водовод и канализација

На елетронскиот сервис „плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.

384

„Плати брзо“ е новата web услуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.

На елетронскиот сервис „плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.

Дополнително на електронскиот систем претпријатието ги овозможува сите шалтерски услуги како:
• започнување процедура за ажурирање на личните податоци;
• преглед на долгот;
• плаќање на сметки или рати, (со било која Visa, Maesto или Mastercard картичка издадена од домашна или странска банка);
• ажурирање на состојбата на потрошувачка на Вашиот водомер;
• пријавување дефект;
• електронска достава на месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки;

Плаќањето преку„плати брзо“ може да се направи преку линкот: https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...