Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
На вчерашното рочиште беа сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.
Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.