Што пресметува „математички прецизниот“ лидер? Која е целта на неговата збунувачка математика, е одговорот што од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го бата ГДУ.
Господине Мицкоски велите – „Имаме план и размислуваме алгоритамски и ја гледаме нашата легитимна цел“. Па ајде кажете тогаш каков е вашиот план? Имате ли воопшто некаков план? Кој е алгоритамот, ќе и објасните ли на македонската јавност?
Потоа велите – „Кој ми дал право јас на народот да му кажувам како да гласа“, а го повикувате на борба. На каква борба повикувате? Дали сакате со ваквата порака да избегнете одговорност?
Ве слушаме и секојдневно како велите дека сте за ЕУ и НАТО, но не со ваков Договор. Со каков Договор тогаш господине Мицкосвки? Каков Договор ќе направевте вие?
Ако водите математички прецизна политика како што изјавувате, тогаш математички прецизно објаснете што значат вашите пораки.
Во овие исклучително важни моменти за Република Македонија, сите политичари имаат голема улога, но пред се голема одговорност. Ако референдумот е тест за Заев, тогаш е тест и вас.
Господине Мицкоски јавноста од вас како лидер на најголемата опозициска парламентарна партија очекува јасен став во однос на прашањето за реферндумот. Како лидер на една од најголемите политички парти во државата треба да го слушне и вашиот личен став и ставот на партијата. Во јуни рековте дека ќе гласате „против“, потоа се премисливте и рековте околностите се промениле. Зарем му доликува ова на еден политичар кој сака да биде премиер?
Ако се претсавувате како лидер на партија за која тврдите дека своето битисување го должи на народот, тогаш зошто не сте искрени пред народот и се обидувате да го збуните, прашуваат од ГДУ.