Поранешните членови на ДИК не ги вратиле лаптопите, мобилните…

636

Службените лаптопи, таблети, мобилни телефони и сим картички, се уште се во сопственост на поранешни членови на ДИК, иако веќе девет месеци не се на функција, јавува Телма.

Единствените кои вратиле се се поранешниот претседател Александар Чичаковски и потпретседателот Игор Милев. Дел од нив вратиле само по нешто, а петмина ги задржале сите електронски апарати кои им биле доделени на привремено користење.

Од Комисијата велат дека, најмногу се вратени таблетите, кои и онака не им користат многу. Дел од апаратите се и оштетени. Новиот состав користи приватни компјутери и телефони, во исчекување, нивните поранешни колеги да го вратат задолженото.

Иако поранешните членови на ДИК телефонски биле известени да ги вратат апаратите, тие досега не реагирале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...