Општина Куманово започна со санација на двата делови од плоштадот „Маршал Тито“ во градот.
Екипите на фирмата изведувач ги санира дотраените и искршени мермерни и бекатонски плочки на двата делови од плоштадот, како и скалите и сливниците.
За санацијата од општинскиот буџет се одвоени 1,5 милиони денари и Данок на додадена вредност.
Освен, плочките на плоштадот, ќе се реконструираат и решетките за сливниците и скалите кои веќе се дотраени.
– Паралелно ќе се работи и на големиот и малиот плоштад во зависност од потребите – информираше раководителот на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.
Со овој тендер, појаснуваат надлежните од Општината, предвидено е да се постави и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.