Ова се јалови обвини на власта која се наоѓа во кампања за референдум, рече поранешниот премиер Никола Груевски за документите на Викиликс според кој во 2008 година Скопје се согласило на името „Република Северна Македонија“.
– Секому му е јасно зошто сум овие денови по судови. Ако се согласев на сѐ што сакаа Грците ќе се согласите дека друга песна беше денес – рече Груевски на крајот од неговата прес-конференција во Собранието бегајќи од новинарите на кои не им дозволи да му постават ниту едно прашање.