Вкупно 1.600 вработени според рамковниот договор, а кои седеа дома, ќе бидат распоредени на работни места. Тие ќе добијат работни места соодветни на нивното образование, работни способности и знаење, а на работните места ќе се најдат уште следната недела. Ова го изјави денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација,Дамјан Манчевски по средбата со синдикатот на УПОЗ.
-По функционалните анализи ќе видиме како ќе функционира. Направивме анализа на овие луѓе, знаеме кои се точно, кој се нивните професионални наобразби, искуства. А ги знаеме и потребите на институциите и сега само ја спојуваме потребата и она што е вишок на вработени кои немаа работни задачи -рече Манчевски.
Манчевски информира и дека крајот на месецов ќе се знае вкупната бројка на вработени во јавната администрацијата.