Бидејќи ја дискриминира, Јанкулоска бара Кацарска да не и суди за мерцедесот ФОТО

528

Судијката Добрила Кацарска која го води предметот Тенк за набавката на мерцедесот во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, треба да се изземе од предметот, тврдат адвокатите Боро Тасевски и Сања Алексиќ во нивното барање до судот.

Во прилог на документацијата за изземање тие ја имаат и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација која таа ја донесе на 27 август.

Во одлуката се наведува дека судијката ја депривилегирала и изложи на на деградирачки однос Јанкулоска врз основа на пол и политика припадност при што дошло до вознемирување со повреда на достоинството и се создало понижувачка состојба.

Одбраната не е задоволна и од динамиката на закажаните судски рочишта која говори дека понппродувањето на екс министерката, за период од околу 40 дена има закажано вкупно 23 рочишта.

Во барањето на адвокатите за изземање на Кацарска се наведува и причината што таа веќе има оформено мислење за Јанкуловска во овој предмет ако се земе предвид дека истата судијка веќе донесе пресуда за набавката на мерцедесот за поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
Кацарска даде половина час пауза за да се донесе одлука за ваквото барање.
На денешното рочиште се појавија и шест сведоци предложени од СЈО, а предвидено е по нивното испрашување да се слушнат и осум бомби.
Рочиште има закажано и за утре, на кое треба да се изведуваат материјални докази, но одбраната веќе побара одлагање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...