Панчевски со специјален предлог против Специјалното обвинителство

717

Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски денеска даде исказ во Основното јавно обвинителство за предметот во кој тој поднесе кривична пријава за, како што вели, незаконскиот претрес што кај него лНИ го спроведе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Покрај она што претходно го имам кажано по извршениот претрес од СЈО, дадовме и еден специјален предлог во прилог на кривичната пријава кој се однесува на комуникацијата на обвинетите Злата Попова, судијката во гевгелискиот суд, и Катица Јанева во деновите пред издавање на наредбата, за време на издавање на наредбата и потоа. Се работи за една конспирација, по мое убедување, во некоја тајност каде што двете обвинети доаѓаат од исто подрачје, од гевгелискиот суд, каде обвинетата Катица Јанева претходно била стручен соработник а потоа и јаен обвинител во Основното јавно обвинителство во Гевгелија – рече Панчевски одговарајќи на новинарско прашање дали може да каже некој детал од предистражната постапка.

Тој изјави дека не знае дали и кога Јанева и Попова ќе бидат повикани да дадат исказ, но оти се надева дека тоа ќе се случи. Неговите адвокати дале и уште еден предлог – да присуствуваат на распитот на специјалната обвинителка, судијката и останатите обвинети.

– Се работи за тешки злоупотреби од страна на обвинетите Катица Јанева, Ленче Ристоска, Видое Лучарковски и останати истражители на СЈО кои ја спроведоа целата незаконита постапка, како и колешката Злата Попова, судија на Основниот суд Гевгелија, инаку граѓански судија која во својство на судија од претходна постапка на тој суд издала наредба за мој претрес во предистражна постапка која ја води СЈО – рече екс претседателот на „скопска единица“.

Панчевски вели дека ова е голем предизвик за обвинителството со цел конечно да се спроведе законот, а СЈО со, според него, незаконитото работење да излезе пред лицето на правдата.

Дали обвинителството ќе одолее на тој предизвик, јас не можам да знам – рече тој.

Претресот за кој Панчевски вели дека е незаконски, СЈО го изврши и во неговиот дом и во канцеларијата во Кривичниот суд о Скопје. Во јавноста излегоа и видео-снимки од безбедносните камери во неговиот дом, а тој тогаш излезе со обвинувања и дека истражител од СЈО му го украл клучот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...