Заев од Пехчево и Берово: Исправени сме да носиме важни одлуки за сегашните и идните генерации ВИДЕО

Растот на економијата, кој е очигледен со последните статистики, нема да биде доволен за Македонија. На Македонија и треба квантен скок ако сакаме младите да остануваат овде и да не заминуваат надвор од државата, истакна Заев.

265

Премиерот Зоран Заев, кој е и лидер на СДСМ, вечерва на трибина во Пехчево истакна дека како нација сме исправени да носиме важни одлуки за сегашните и за идните генерации.

– Конечно после 27 години имаме покана за членство во НАТО, испорачана ни ја дадоа на рака. Сега зависи од нас дали ќе го поминеме тој скрининг процес. По референдумот кој е пред нас при крајот на 2019 година очекуваме полноправно членство на Македонија во НАТО – рече Заев, додавајќи дека престојниот референдум е подеднакво важен како оној од 1991 година кога граѓаните одлучуваат за независноста на државата.

Осврнувајќи се на бенефитите од влегувањето во Европската унија, Заев рече дека најдобрата придобивка е создавањето на економски амбиент во кој ќе биде вреднуван животот за живеење дома.

– Растот на економијата, кој е очигледен со последните статистики, нема да биде доволен за Македонија. На Македонија и треба квантен скок ако сакаме младите да остануваат овде и да не заминуваат надвор од државата – истакна Заев.

Трибината на коалицијата „За европска Македонија“ се одржа во Домот на културата во Пехчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...