За случајот убиство на семејството Поцеста од Дебар, главен осомничен сторител беше, според првичните наводи, нивна блиска роднина Б.П. (25).
Како што дознава порталот МКД.мк од свои полициски извори, за убиството е осомничена постарата ќерка на семејството, која за да го изврши делото имала помош од три други лица.
Засега е познато дека Б.П. ги убила родителите и помладата сестра и по убиството заминала во Италија. За убиството таа ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол, пишува МКД.мк.
Според порталот 1ТВ, еден од помошниците обезбедил оружје, вториот ѝ помогнал да го изврши делото, додека третиот ѝ помогнал да замине веднаш во Италија. Б.П. се вратила во Македонија откако ѝ јавиле дека семејството ѝ е мртво. 1ТВ дознаваат и дека пиштолот со кој е извршено делото е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.
Од МВР и ОЈО се очекуваат подетални информации подоцна во текот на денот.