Димитров се збогуваше со рускиот амбасадор

149

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак, кој ја завршува својата дипломатска мисија во Скопје.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази надеж дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат во духот на традиционалното пријателство и меѓусебно уважување. Притоа тој укажал дека Република Македонија, стратешки ориентирана кон евро-атланските интеграции, придава значење и на развивање на односите со Руската Федерација и е подготвена за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Димитров на Шчербак му посакал успех во извршувањето на идните функции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...