ОБНОВЕНО Сувенирци предупредуваат дека може пак да рокне експллозија во старите погони за пиротехника

Вработени во „Сувенир“ го повикуваат раководството на компанијата  „Сумбро“ да ги засили безбедносните и заштни мерки во погоните во кои, како што тврдат, има се уште остатоци од пиротехнички материјал.

365

Само Господ ги чува сувенирци, коментира месното население во Самоков по пожарот што вчера попладнето околу 16, 10 часот избувнал во фабриката за оружје „Сувенир“  и тоа на влезот на еден од старите и запечатени погони каде што се чувал пиротехнички материјал. За среќа на работа немало ниту еден од работниците. Во кругот на фабриката било само обезбедувањето.

Вработени во „поранешен „Сувенир“, за „Плусинфо“ потсетуваат дека не е прв пат во фабриката за оружје да има пожар – последниот се случил пред пет години, исто така во попладневните часови, кога била предизвикана материјана штета. Според полицискиот билтен пожарот во 2013 годдина се случил во 16, 50 часот, а му претходеле две силни експлозии во магацин во кој не можело да се интервенира поради опасноста од дополнителни експлозиии. Во Македонски Брод и во околината се уште се памети и страотен пожар со трагични последици во деведесетите години кога при експлозија во погон за производство на пиротехнички материјал загина работник.

Вработени во „Сувенир“ го повикуваат раководството на македонската компанија  „Сумбро“,  да ги засили безбедносните и заштните мерки во погоните во кои, како што тврдат, има се уште остатоци од пиротехнички материјал.

Во МВР велат дека и денеска продолжува истрагата на местото на  експлозијата, а со детали ќе изезат наскоро.

„Сувенир“ на времето важеше за најголема фабрика за оружје во регионот. Во славното минато имаше околу петстотини работници. Нејзиното пропаѓање го заокружи Гркот Василиос Пападополус, кој во февруари 2006 година ја купи фабриката за 500.000 евра, иако претходно „Сувенир“ беше проценет за петпати повисока цена. Гркот не само што не ја стави фабриката во погон, туку во негово време испарија многу вредни машини, сопственост на тогашната државна фабрика.

По пустелијата што ја остави Пападополус во „Сувенир“ дојде Давид Јунг, првиот човек на компанија „Сумбро“, која ја купи фабриката. Во времето на Јунг кој се фалеше дека фабриката е подготвена да произведува и за НАТО, во текот на 2013 година работниците велеа дека имаат работа во континуитет, но и дека платите им се редовни. Сега фабриката има ново раководство кое едвај успева да им исплати по 12.000 денари плата, која наместо до 15 – ти во месецот, како што предвидува законот, работниците тврдат дека ја добиваат на крајот.

До минатиот петок тие се уште беа во неизвесност кога и дали ќе земат августовска плата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...