Најмалку 80.000 луѓе во Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата

60

Најмалку 80.000 луѓе во Велика Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата, соопшти британската Национална агенција за криминал.

Новите статистички податоци покажуваат дека бројот на фотографии за злоупотреба на деца кои се пријавени во агенцијата е зголемен за 700 отсто во изминатите пет години.

Секретарот за внатрешни работи, Саџид Џавид рече дека ќе спроведе „лична мисија” за справување со злоупотребата на деца и нагласи дека е шокиран од обемот на проблемот.

– Кога ја посетив командата за онлајн заштита на детска експлоатација на Националната агенција за криминал, бев ужаснат од обемот и развојот на природата на сексуална злоупотреба на деца – наведува Џавид во говорот што треба да го одржи денеска.

Министерството за внатрешни работи предупреди дека стримингот на злоупотреба во живо е се поголем проблем поради побрзиот интернет, технологијата на паметни телефони и лесниот трансфер на пари преку границите.

Според одделот, во запленетите материјали има и фотографии со злоставувани бебиња и деца под 10-годишна возраст.

Британски медиуми јавуваат дека полицијата во Англија и Велс дневно регистрирала околу 23 случаи на сексуално злоставување деца во 2017/18 година, додека таа бројка преходните 12 месеци изнесувала околу 15 случаи на ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...