Посветено на Тони Михајловски

5316

Тони Михајловски го отвори поетскиот кружок. Браво Тони!!! Нека тони!

Еве и мој мал допринос кон твојот „поетски кружок“на СОУЧЕСНИЦИ. Јас, сепак, сакам да бидам УЧЕСНИК.

 

Вождот прати аманет, дека нема кабает,

На светина кутра, ама „мало сутра“

I

Него куршум не го дупи,

него „бомба“ не го тепа,

дури има такви глупи,

дури има раја слепа.

II

Него „Тенкче“ не го јаде,

„Змиско око“ не го гледа.

На партијци сѐ им даде,

На родина што „се редат“.

III

Него Мартин не го боли,

него попис не го тишти,

дури Али си го моли,

ко попарен везден вришти:

IV

Само газе да сѝ спасам,

земја цела ќе ја ништам,

против земја своја гласам,

за да спасам бесни пцишта.

V

Вемерето ќе го арчам,

што ме боли за морони,

и земјата ќе ја парчам,

тука ми се Тања, Тони.

VI

Парињата им се важни

На сметките му ги ставив.

Нема други такви лажни,

патриоти што ги главив.

VII

Гнасен сомнеж јас им опнав

Вемерето што го слави,

на СЈО сал се сопнав,

на правдата од Фетаи.

VIII

Мене таа да ме тужи?

голтарка без една пара,

мене јавно да ме ружи?

Криминали ќе ми бара?

IX

Кој ти дава сестро слатка,

сети се на оној Крпач,

веселбата ќе е кратка,

ко живот на тој прпач.

X

Зар не знаеш колку души

во зандана јас ги пратив?

Вемерето ќе ве згуши,

платеници што им платив.

XI

Знаеш ли ти колку слуги

на времето јас сѝ платив,

хeрострати колку други

вемерето што ги злати?

XII

Занес, ко’ кај млади јунци,

да слушате европјани,

не гледате колку глумци

глумат наши самарјани?

XIII

Не гледате проста стока,

што јас сакам ќе си прават.

Пандов, Тони в’оган скокат,

в’јарем ѕевгар ќе се глават.

XIV

А држава кој ја ебе,

копиљ јас сум, не знаевте?

гледај сѝ сѐ малку себе,

џабе тужби што правевте.

XV

Иванов ви саботира,

мене лично рапортира,

Оливерчо војска збира

Сите ќе ве депортира.

XVI

Што е устав и закони,

што преспански договори?

Европата нек се гони,

оружјето ќе проговори.

XVII

Банди глумци јас построив,

ајде сега да ве видам,

ако „црно ви го скроив“,

пак спасител ќе ви бидам.

XVIII

И повторно на власт идам,

с’мојте браќа и братија,

„Н“ од НАТО да не видам,

каква бре демократија…

XIX

За Албанци баш ме боли,

Македонци исто така,

Хорхе нема да дозволи

да земете народ в’рака.

XX

Тој во глава мозок нема

што ви спремам, за да сфати,

и ѓаволот данок зема,

народецот ќе го плати.

XXI

Иднината ќе е лесна,

да го купам треба денов,

ил со пари ил со песна,

или со смрт, ко Младенов.

XXII

Традиција на партија,

брат – брата да убива,

а правдата само бива

мртво слово на хартија.

XXIII

Така било, така ќе е,

Македонче мудро не е,

дерт му само вглава тлее,

ветар сее – бура жнее.

XXIV

Договорот, тој од Преспа,

И тантелав и со ѕвонци,

за мене е шанса пресна,

кутри мои Македонци.

И, како што бива во сутрите, после Вождот, следи и пофалба за останатите слуги во „поетското катче“ на Тони врдаламата (или беше „далајлама“?).

XXV

Да пофалам многу гнаси,

што те бранат од другите,

доблеста што не ги краси,

пофалба за слугите:

XXVI

Од што мака ти артисто,

освен пари што им бараш,

нечовечна бедна глисто,

по митинзи народ вараш?

XXVII

Бог со тебе добар беше,

пари, слава цела торба,

а ти само зарад  ќесе

за ѓаволот водиш борба.

XXIII

Сите гмазој исползија

лајненици да измијат.

Добра ти е тактиката

да го впрегнеш владиката.

XXIX

Кутар, јавно ми ја брука

та и црква, та и вера,

по митинзи жален кука,

без „џонија“ кутар тера.

XXX

Опасните „Ноќни волци“

ко кученца рака лижат,

во суштина дрски молци

за џепчето сѝ сѐ грижат.

XXXI

Моторџија финти фура.

Моторџии викат: ура!,

дај ни вожду една тура,

во готово ил фактура.

XXXII

Прост народец саги плете,

да го слави херостратот,

што од мајка краде дете,

што со лесно сече вратот.

XXXIII

Има’л мозок да им турат,

мочковци под вода гњурат,

дур држава им растурат,

знамиња да распнуват.

XXXIV

Зарад што бре кртови,

бандити бе крастави,

по планински врвови

да простираш застави?

XXXV

Што ако ве финансират?

Камо мозок бе спортисти?

Зар ко стока да ве збират?

Не бидете ко’ нив исти.

XXXVI

Поети и поетеси

не бидете ко Жанета.

Не сте тесто да ве меси

братијата злобна, клета.

XXXVII

Зар за некој беден проект

умот губат неимари?

Ќе ве колне народ довек,

што какавте – сѐ за пари.

XXXVIII

Фасади од стиропори,

Скопје ми го урнисаа,

зар совеста не ве мори,

што ве така курдисаа?

XXXIX

Не наука – политика,

инаку си молчите,

а Грујо штом свикаше,

никој толку не цвикаше.

XL

Место совет на народот,

и паметта покрената,

го пуштате парохот

да труе светината.

XLI

Да повторам сега стихот,

Дур го спрема Тони ликот,

на расплакан патриот,

тој партиски беден бот:

Така било, така ќе е,

Македонче мудро не е,

дерт му само вглава тлее,

ветар сее, бура жнее.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...