Посвежо со можен дожд

196

Времето денеска ќе биде посвежо, во претпладневните часови со услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува умерен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 35 степени.

Во Скопје слично време со температура од 16 до 32 степена.

Од утре, особено во среда и петок, се очекува променливо време со услови за повремен локален дожд претежно во планините.

До средината на неделата утринските и дневните температури ќе опаднат за околу четири до седум степени и до викендот ќе се задржи посвежо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...