„Протестен марш” на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

392

Мирен протестен марш под мотото „Македонија ќе победи”, денеска во Кичево одржаа членовите и симпазитери на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот почна кај кружниот тек во близина на автобуската станица. Го предводеше лидерот Христијан Мицкоски кој беше придружуван од преседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево Ѓорѓија Сајкоски и други високи раководители на ова партија.

Маршот се одвиваше мирно низ булеварот до гратскиот плоштад каде се обрати преседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој изрази задоволсво што е во Кичево од каде што потекнуваат неговите родители.

– Ова ненародна власт ќе се обидува да ја испреврти реалноста. Со оваа власт е исто како со грст злато да ти дадат ама си поставил погрешни мајстори за да градиш куќа. Не може аболициранијот Заев да не води во ЕУ и НАТО. Јас сум за ЕУ и НАТО, но сум против капитуланскиот договор на Заев и Ципрас. Ќе имаме последици од овој договор, бидеќи ќе бидеме влада на Северна Република Македонија, но ќе се менуваат и називите и на другите институции. Членот 8 од договорот ги ислолнува желбите на јужниот сосед, потенцираше Мицкоски.

Ние, посочи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ,, ќе се обидеме економски да го ослободиме народот како идна влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...