Ноќеска во 3,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.
Пожарот бил локализиран во 4,15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола.
Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден