Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
За стореното кривично дело во село Велгошти осомничено е лице на возраст од шеесет и две години, жител на Охрид.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.