Ливерпул не запира, четири од четири во Премиер лигата

Лестер има половичен ефект од две победи и два пораза.

136

Нема кој да им застане на патот на фудбалерите на Ливерпул кои попладнево ја постигнаа максималната четврта од почетокот на првенството во Премиер лигата.

„Црвените“ триумфираа на гостувањето кај Лестер со 2:1, а целата работа ја завршија во првото полувреме со головите на Мане и Фирмињо.

Шанса да се изедначат со Ливерпул на врвот на табелата со по 12 бода имаат уште три екипи кои своите средби од 4.коло ги играат викендов. Тоа се Челзи, Тотенхем и Вотфорд.

Лестер има половичен ефект од две победи и два пораза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...