ДУИ го одложи Конгресот

Од ДУИ велат дека по завршување на обврските за спроведување на Преспанскиот договор, Централниот одбор повторно ќе одржи состанок и ќе донесе одлука за одржување на Конгресот и подготовка на стратегија за градење на ДУИ за следните две децении.

180

Централниот одбор на ДУИ го одложи одржувањето на петиот Конгрес на партијата, по конечното реализирање на Преспанскиот договор.

Одборот оцени дека своите капацитети оваа година, ДУИ ги посвети на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанскиот договор, добивањето на поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со Европската Унија.

-Заокружувањето на овој процес со успешното одржување на референдумот и уставните измени е од приоритетна апсолутна важност за ДУИ и граѓаните – велат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека по завршување на овие обврски Централниот одбор повторно ќе одржи состанок и ќе донесе одлука за одржување на Конгресот и подготовка на стратегија за градење на ДУИ за следните две децении.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...