За еден месец имаме историска можност да ја обезбедиме европската иднина на нашата заедничка татковина, како рамноправен дел од ЕУ и НАТО, изјави пратеникот Мухамед Зеќири.
– Со влезот во НАТО остваруваме стратешки интерес – Македонија да биде дел од демократскиот развиен свет, рамноправен член на најмоќните светски сојузи.Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на граѓаните и трајна заштита на границите.Пристапниот процес за членство во ЕУ значи економски развој, и зацврстување на правната држава – рече Зеќири.
Според него, нашето членство во НАТО и ЕУ обезбедува повеќе пари, размена на искуства, полесен пристап до нови знаења и технологии. Со членството значи и зголемена стабилност и доверба во македонската економија. Тоа значи повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.