ДУИ од 10 септември ќе ја почне кампањата за референдумот во чии рамки на граѓаните ќе им ги објаснува предизвиците пред кои се наоѓа земјата и придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
– На 10 септември ќе почнеме активна комуникација со граѓаните за да им се објасни предизвикот пред кој се наоѓа државата и иднината на генерациите што доаѓаат, како и тоа што го добиваме за возврат ако успееме Македонија да ја направиме членка на најголемата воено-политичка алијанса и да не најде во неа периодот на тешки предизвици во целиот регион- рече вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање по средбите што со други владини претставници и носители на јавни функции ги имаше во општина Чаир.
Тој информира и дека ДУИ за таа цел веќе има формирано централен штаб, како и оти ќе има и штабови на органоци и месни заедници.