Во расправија гостиварец ранет во стомак

Од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

70

Дваесет и петгодишен гостиварец завршил на скопските клиники откако бил застрелан во стомакот. Полицијата привела едно лице кое се сомничи дека го ранило.

Полицијата информира дека настанот се случил вчера на локалниот пат за мавровското село Нистрово на местото „Ќумурана“ каде што К.У од Гостивар и Е.М. од село Здуње почнале расправија. При тоа К.У.(51) со еден куршум од пиштол го погодил Е.М.(24) во пределот на стомакот, по што го напуштил местото на настанот.

Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредата бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По преземени мерки од страна на полициски службеници осомничениот бил затекнат како управува патничко моторно возило „фиат панда“ со италијански национални ознаки по што бил запрен. Во возилото бил пронајден пиштол за кој немал дозвола.

Од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...