Коалицијата Заедно ЗА европска Македонија денеска ќе одржи трибини во Дојран, Валандово и Тетово.
Во центарот на Дојан, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи граѓанска трибина на којашто ќе учествува и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Во 14.30 часот Заев ќе учествува на граѓанска трибина во паркот Пеонија во Валандово.
Во Тетово, во 16.00 часот во Ајдучко маало ќе се одржи трибина со граѓаните на која се обрати министерот за надворешни работи Никола Димитров.