Со сведочењето на пратеникот Павле Богоевски во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Пред Богоевски, сведочеше и пратеничката Фросина Ременски и актуелниот министер, а тогаш пратеник Дамјан Манчевски.
Денеска сведочеше и поранешниот генерал Николовски, кој рече дека станувало збор за саботажа.
Наредното рочиште е на 6 септември.