Македонскиот фудбалски стручњак Гоце Седлоски кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го води тимот на Широки Бриег.
Седлоски потпиша двегодишен договор, а на тренерската позиција ќе го замени Борис Павиќ, кој само по два и пол месеци си заминува од клубот.
Тренерската кариера Седлоски ја започна како асистент во Матерсбург, а потоа самостојно ги водеше Хоризонт Турново, Вардар и Рига.