„ЕУ за тебе“ во Велес со работилница за механизмите за финансиска поддршка на ЕУ

81

 EУ Инфо центарот и Делегацијата на ЕУ во земјава  во рамките на кампањата „ЕУ за тебе “денеска во салата на Општина Велес одржа работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ.

Како што појаснија организаторите,целта на работилницата беше локалните власти, граѓанските организации,асоцијации, земјоделци и бизнисмени да се запознаат со актуелните можности за финансирање на локално ниво. Воедно и Делегацијата на  ЕУ да добие повеќе информации за предизвиците и ограничувањата со кои се соочуваат засегнатите стрaни на локално ниво.

Никола Бертолини, раководител  за соработка при Делегацијата на ЕУ, пред присутните говореше за сегашната и идна поддршка од ЕУ.

Во изјавата за медиумите информира дека во Велес е почетокот на посета на општините во рамките на кампањата ЕУ за тебе и денеска имале средба со претставници на општината и  претставници од граѓанскиот сектор и со тоа започнале со промовирање на кампањата.

– Имавме одлична соработка и одлична работилница и добивме многу информации од нив за тоа што се случува во овој регион. Ние ја нагласивме која е потребата за учество во ЕУ фондовите, а ЕУ учествува со 39 посто во локалните проекти, појасни Бертолини.

На новинарско прашање за тоа дека вардрскиот регион се искористени 12-тина милиони евра европски пари, Бертолини посочи дека всушност станува збор за поголеми инвестиции што се финансирани тука, меѓу кои е и автопатот Демир Капија – Смоквица.

– Тука е капиталната инвестиција автопатот Демир Капија – Смоквица кој беше пуштен неодамна  и за кој се потрошени 60 милиони евра од ЕУ. Тука станува збор за една поинаква ситуација. Овој вардарски регион е внатрешен и не е пограничен регион поради што нема можност за прекугранична соработка со други држави освен со Грција но сепак има голема концентрација на луѓе во овој регион што би требало да се искористи, смета Бартолини.

На новинарско прашање кои се препораките до граѓанскиот сектор и локалните власти за да се подобри состојбата за добивање на поголеми финансиски средства од ЕУ фондовите, тој посочи дека препораката е многу едноставна, за да се успее  за да се добијат што повеќе средства од ЕУ фондовите  треба да се направи вмрежувње со што е можно повеќе соработници и партнери од регионот и пошироко.

Toj порача дека за  да бидете успешни во проектите  треба да се фокусирате на еден што ги решава приоритетите конкретно на оваа земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...