Да почнеме со квиз: Што имаат заедничко комбањ, томограф и велосипедска патека?
Има еден одговор на два начини. „Европа“ или „Запад“. Значењето – исто.
Во ЕУ се тоа нормални работи во секоја средина, а кај нас реткост и куриозитет.
На референдумот тоа и ќе биде прашањето: „Дали сте за тоа проклетите промени, наместо кои добиваме само лаги и криминал“? Еднаш, одамна, вемерето го искористи зборот „промени“, за да дојде на власт и сѝ го одржа зборот. Промени имаше на тони: вемереовците од пролетери станаа најголеми богаташи, Македонија од мир ја доведоа во војна, полицијата ја уништија и партизираа, институциите ги фекализираа. Цел свет мораше тогаш да биде со нас, оти вемерето планираше, со проширување на војната, Македонија да си замине во отечеството. Нели Љубчо и еден академик предложија и поделба на Македонија – спогодбено? Претходно, вемере им овозможи на „револуционерите“ во опколеното Танушевци, цел месец да се спремаат. Што да прават кутрите, кога предвреме беа „откриени“. Патриоти и тогаш имаше, но, на чија страна беа?
И претходно бевме опљачкани со кражбата на општествениот капитал, обесправени пред моќниците, излажани со ТАТ, исмеани со синдикатите, кои не работеа за работниците. Се гордеевме што Бранко „за два часа пикнал в’шише два града“, како да е тоа некое постигнување. И тој беше голем патриот.
Но, тој грабеж беше ништо во споредба со владеењето на вемерето овие 11 години. Мамето мамино нѝ го е…. Дегутантно е да се говори за тоа, кога имаме да слушаме снимени разговори до крајот на животот, во кои патриотите нѐ калајдисуваа.
Што имаат заедничко ТАТ, Грабежот 2009та – 2017та, умирањето на новороденчиња и исселувањето на младите?
Има само еден одговор: Политичките партии! Ниту второ, ниту трето!!!
Тие го занишаа шишето и тињата исплива на површината, а светата вода во шишето стана матна. Нѝ го заматија умот, душата, вредностите, стандардите, надежите и очекувањата. Мислите тоа стана од незнаење, од невештост, од што сме „природно“ скапани души? Не, и сто пати не! Ние сме биле и постабилни отколку што другите нѐ мислат. Со вакви политичари и политика и камен би попуштил. Ништо не им можевме, оти сѝ играа со нас, со нашите претставници, со земјоделци, со доктори, со културата, со стандардите. Секој борец против нив или го затворија, или го уништија, или го разочараа, ако не го зедоа во своите ѓаволски структури.
Сѝ донесоа изборен модел, кој ќе ја декласира секоја мала партија, која може да расне, да добива членство, да развива идеи за иднината. Тоа малите партии ТИЕ ги формираа и ги командуваа. Најголем број од „граѓанските движења“ беа нивни. Телевизиите исто. Ако не беа – ги затвораа. Ние граѓаните немавме никакви шанси и ќе немавме и сега, ако не беше Груевски да нѐ разбуди и да го поттикне новиот збор во нашиот јазик: „пркос“, кој стана „шарен“, како македонска верзија. Не беше тоа СДСМ. Тие беа само дел, иако „го собраа кајмакот“. Сепак, да потсетиме, СДСМ е партија, а не движење. Владата е влада, а не добротворно друштво. Тие се власт и ја делам истата недоверба во нив, како многу пати досега, во други „гарнитури“.
Затоа и сум исплашен за референдумот, оти многу од нив би биле пресреќни да не успее. Референдумот е против досегашниот начин на владеење, против партиите, а не против нас. Да беше предлогот на името за Македонија „Скапана Чавка“, јас пак ќе гласав за прифаќање, само нека дојде тоа Европата и нека воспостави мониторинг врз нашите мачители: Политичките партии. Не врз Владата, оти Влада и не постои. Владата е нископрофилно собиралиште на политичките партии и чмарковци, каде добрите намери, знаењето и експертизата се забранети. Затоа и молам за европското менгеме. За мене барем, друго нема.
Што има заедничко владата, кампањата за референдумот и еден чмар
Постои еден одговор: Никола Груевски! Ниту второ, ниту трето.
Одговорот „странски служби“ овде не функционира, оти да го немаше Груевски, тие ќе можеа да потплатат троа кампања, со која сите ќе се шегуваа – ќе немаа потпора, освен такви како голопртката Бачев.
Може да одговорите и со: Христијан Мицковски, но тоа не е точно, затоа што тој не е ниту сто и прв, а не прв или втор. Тој чека да му се каже или да биде доволно притиснат. Тој нема ниту јајца да има свое мислење.
Одговорот лежи во јасниот и видлив факт дека постои платеничка војска, која е против референдумот, кои се (ги знаеме од порано, нели?) „крсташи на безумието“, познати вемереовски слуги, делови од разузнавачки структури, криминални здруженија, поранешни перачи на пари, преплатени глумци и глумици, кои сега глумат патриоти, како сите ние останатите да сме предавнички ѓубриња и не знаеме дека нивниот патриотизам излегува од ќесето на Груевски, а тие самите – од неговиот чмар.
Морам да им се извинам на малубројните „бојкотирачи“, кои се навистина заведени, кои изгубиле сѐ и им останал само идентитетот. За нив имам утеха: Никој во идентитетот ниту гиба, ниту тоа го занима. Спротивно, идентитетот е потврден и за прв пат ќе имаме и Македонија и Македонци и Македонски јазик – како признати поими и ентитети. Сепак, мораат да знаат тие истите: Овде се работи само за одењето на Македонија во НАТО (дури и ЕУ не им е важна на тајните служби) и за стравот на партиите дека ќе ја изгубат моќта да владеат неконтролирано.
Оваа кампања „ЗА“ референдумот требаше да ја води „општеството“, а не владата, како што Шарената револуција не беше на СДСМ, туку на општеството, но што е тука е.
Заради тоа, а и заради милион други работи, многуте најавувани „промени“ мора Македонија да ја одлепат од скапаната провинциска политика на полуписмените и расипани морони, кои нѐ плашат со страшила и лаги, или нѐ подлажуваат со ситни пари; и да ја стават кутрата нѝ државичка под меѓународен мониторинг. Не шамарите да пукаат секогаш по нашите образи, а парите секогаш да нѐ заобиколуваат. За тоа гласаме. Не гласам за името, оти е тоа решена работа. Се е подобро од ФИРОМ или ПЈРМ.
Се е подобро од прегратката на политичката партија, за која жалаат недугавите хохштаплери на Груевски, оти само во неговиот чмар ја пронајдоа својата суштина. И „другите“ купуваат билети за вториот чмар.
Ако референдумот не успее, ќе имаме ситуација: Македонија против многу чмарови и тоа сите домашни, оти странците своите ќе сѝ ги однесат дома. Тогаш на репертоарот ќе имаме смртоносна симфонија на чмарови: „Изгубена последна шанска, во испрдоците на индијанското лето“.
Значи, поентата на референдумот е многу едноставен: Македонија против чмарковци.