Педесет и едногодишната Селма Хаек доживеала големо изненадување кога нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино (56) приредил церемонија на која тие двајца по третпат го изговориле судбоносното „да“.
Селма блескала додека по третпат ги обновувала заветите со својот сопруг, а дел од романтичната атмосфера сподели со обожавателите на социјалните мрежи.
– Летото е при крај, а мојот најубав момент беше кога сопругот ме изненади со објавување на заветите – ова не е она што би го избрала да го облечам за својата венчавка, но ми беше кажано дека одиме во спа! Среќно заљубени – напиша актерката на Инстаграм до фотографии од третата венчавка.