Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васко Исакоски и Валентина Симоноски, сите обвинети од СЈО за масовното прислушување, се изјаснија пред судот дека не се чувствуваат виновни.
– Не се чувствувам виновен – рече ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.
– Не сум имал волја, намера и свест дека правам кривично дело – рече обвинетиот Тони Јакимовски и додаде дека свесно и одговорно ја вршел служебната должност. Јакимовски рече дека не нашол ниеден доказ предложен од СЈО дека влијаел во уништувањето на системите за следење на комуникациите./Макфакс