Нервозата е лош советник”, Мијалков ги смируваше адвокатот и обвинителката
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, на паузата од судењето за масовното прислушување, ги смируваше неговиот адвокат Петар Василев и обвинителката Ленче Ристоска, додека на висок тон разговараа дали адвокатот има право на приговор на воведниот говор на обвинителката.
– Не се нервирајте. Нервозата е лош советник – и’ рече Мијалков на обвинителката.
По кратката пауза, судењето продолжи. Претходно, судијката го одби приговорот на адвокатите./Макфакс