Конференција: Македонија направи многу, време е да го фати возот за ЕУ

120

Македонија во измината година има направено многу големи чекори напред. Напредните сили решија тешки прашања како спорот со името, со цел на земјата да и се обезбеди просперитет. Придобивките од членство во ЕУ и НАТО се огромни и за државата и за граѓаните и затоа тие треба да се искористи моментот.

Ова се дел од ставовите на учесниците на денешната Меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“, на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека е многу добро што за Македонија како многу мала земја може да се зборува за ваков напредок. Имаме рече, многу да учиме, но и многу да дадеме на Европа.

– Со договорот со Бугарија, и еве сега со договорот со Грција испраќаме сериозни пораки дека европскиот дух и вредности опстојуваат и овде во Западен Балкан, за да испратме порака на надеж за добри перспективи – рече Заев.

Тој посочи дека пред Македонија и граѓаните е период во кој треба да донесат сериозни одлуки, кои, рече, не се лесни, но, сепак, потенцира, и гарантираат сериозна иднина и на Македонија и на Регионот.

– Во вакви околности можам да кажам дека кога преку договор земате обврска да смените уставно име на сопствената земја, тоа претставува чувствително прашање, но охрабрено заради придобивките, веруваме дека испишуваме значаен момент и од европската историја кој ќе биде потврден со огромно мнозинство на претстојниот рефрендум – рече премиерот Заев.

Ернст Штетер, генерален секретар на Фондацијата за Европски прогресивни студии рече дека покрај се што било направено во изминатиот период многу важен чекор била храброста да се реши спорот за името.

– Процесот на преговори за името е чист доказ како може да се постигне договор кога се има политичка волја и лидерство, дури и за најтешките прашања. Напредните сили успеаја да решат спор кој траеше многу години. Сега е вистинска можност за Македонија и моментумот мора да се искористи. Европската иднина мора да биде приоритет – рече Штетер.

Со ваквиот став се согласува и Марија Жоао Родригес претседател на Фондацијата, посочувајќи притоа дека во вакви историски моменти е потребно единство на сите субјекти и на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...