Скопјанец прободен со нож на бул. „8-ми Септември“

481

Скопјанецот А.Ш.(32) синоќа, околу 19 часот, со нож бил прободен во грб од лицето А.С. од Скопје на булеварот „8-ми Септември“.

Како што соопшти денеска МВР, А.Ш. синоќа, во 21:30 часот, го пријавил случајот во Полициската станица Карпош.

Синоќа А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед, а до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...