Полско-францускиот режисер Роман Полански (85) и 30 години помладата француска манекенка Емануел Сење ја прославија 29-годишнината од бракот.
Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO
Полански, кој е баран за силување во САД, се запозна со манекенката во 1988 година, кога таа глумеше во неговиот филм „Лудило“, заедно со Харисон Форд.
– Сo нeгo никогаш не ми е здодевно, а јас секогаш барам нешто ново. И по 30 години со него, секој ден е нова авантура – изјави Сење.
Оскаровецот и парижанката се венчаа набргу по снимањето на филмот и заедно имаат ќерка Морган (25) и син Елвис (20).
Роман и Емануел заедно снимија бројни филмови, како што се „Горка Месечина“ и „Деветтата врата“, а лани излезе и сагата насловена „Засновано на вистинска приказна“.
Фото: EPA/IAN LANGSDON